(ВИДЕО) Даскаловски: Владата на СДСМ ќе го зголеми буџетот наменет за образованието

Од:

„Во изминативе 8 години од владеењето на ДПМНЕ образованието во Р.Македонија е целосно деградирано и партизирано. Образовните политики беа носени без јасна стратешка цел и без анализа за нивните ефекти, при што се потрошени огромни буџетски средства.

Нашите деца заслужуваат подобро образование. За таа цел, Владата на СДСМ ќе ги преземе следите проекти:

Повеќе пари за образование и наука

Владата на ДПМНЕ за образование издвојува само 3,5% од БДП, ова не е доволно. Владата на СДСМ до крајот на мандатот ќе го зголеми буџетот наменет за образование на 4,5% од БДП.

Владата на СДСМ ќе направи:

-Целосна реформа на предучилишното и средното образование

-Зголемување на опфатот на деца од 4-6 год. во градинките со зголемување на капацитетите на детските градинки во целата држава, со за 4 год. опфатот ке го зголемиме на 50%,

-Во руралните средини ќе се организираат подвижни градинки со што ќе се обезбеди за секое дете најмалку двочасовен престој. Овој опфат ќе биде бесплатен за  општините кои имаат намалување на популацијата,

-Предучилишниот период ќе трае 2 години, ќе се задржи деветтолетката, првите 5 години во основното образование ќе се оценува описно.

-Средното образование ќе се реформира според потребите на пазарот на трудот и во соработка со приватниот сектор, првите кадри ќе се вклучат по 1, 2 или 3 години средно стручно образование  на 16-17 год. возраст, Истовремено ќе го задржиме четиригодишното стручно образование и гимназиското  образование,

-Ќе го укинеме екстерното оценување што е траума и за учениците и наставниците,

– Ќе се воведет стандарди за подготовка на учебници, Министерството нема да се занимава со издаваштво како до сега што е основ за криминал,

-Ќе го подобриме студенскиот стандард и стипендирањето,

-Ќе воведеме државна квота на бесплатно студирање на најдобрите матуранти,

-Секој студент ќе добие електронска картичка за студентски поволности; бесплатен јавен  градски превоз, попуст за исхрана, концерт, театар, спортски настани. Студентските организации ќе водат база на студентски вработувања, студентски домувања.

-Бесплатен јавен превоз и попуст во меѓуградски превоз за студенти,

-Ќе се реновираат постојните студенски домови,ке се изградат низ внатрешноста нови  а во Скопје ке се  изгради студентски град,

-Во високото  образование ќе ја вратиме автономијата на универзитетот, со што ќе го вратиме угледот и достоинството  на професорите, како и процес на реформи и департизација на државните универзитети,

Ова се само дел од мерките на СДСМ за подобрување на состојбите во образованието“, изјави Mарјан Даскаловски, кандидат за пратеник на СДСМ од 4ИЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски