(ВИДЕО) Даскаловски: Секој глас за оваа власт е глас за продолжување на криминалот Груевски

Од:

„На последниот ден од кампањата пред неделниот втор круг од претседателските и предвремените парламентарни избори, сакам од длабочината на мојата душа, како кандидат за пратеник од листата на СДСМ и како Ваш сограѓанин, да ги споделам со Вас моите ставови и размислувања.

Во овие, безмалку, 24 години независност на Република Македонија, во нашава земја се одржаа повеќе избори, но не се паметат ниту едни избори, ниту една кампања , да помине во толку застрашувачки и недемократски амбиент како овие. Таква тортура, такво угнетување, уценување и заплашување на сопствениот народ не памети светската историја, дури ни во најнецивилизираните африкански племиња. Никола Груевски и луѓето од ВМРО Дпмне треба да се застрамат за своето однесување, од начинот на кој ја испишуваат најцрната страница од македонскиот времеплов“, вели Марјан Даскаловски, кандидат за пратеник од СДСМ.

„Па имаат ли тие луѓе душа и срце, имаат ли образ и трошка совест?

Да беа најголемите душмани, немаше тоа да му го сторат на стопствениот народ. Се срами цела Македонија, затоа што сите европски весници пишуваат дека живееме во тоталитарно општество.

Во недела го имате вешето право на глас, право на слобода и право на избор. Вие сте тие кои одлучувате дали Македонија и вие како нејзини граѓани ќе ве огрее светлина, или ќе ви се случи  уште поголем мрак. Треба да ви биде совршено јасно  дека секој ваш глас за оваа власт е глас за продолжување на криминалот  на Никола Груевски. Секој глас за ВМРО ДПМНЕ ,е глас и за новите лаги на кумот на Груевски- Зоран Ставревски. Секој глас за власта е глас  вечната пратеничка Силвана Бонева да си купи  со ваши пари уште 2-3 стана во Скопје. Секој глас за ВМРО ДПМНЕ е глас за подршка на последиците од нетрпеливоста од Васил Пишев и Славе Гошев. Секој што гласа за оваа ненародна власт, гласа против себе, против интересите на своите чеда, против сопствената општина и сопствената држава.

Наспроти тоа, вашиот глас за СДСМ значи глас за прогрес на државата, глас за слобода и демократија, глас за враќање на средната класа, глас за подобар живот на децата, учениците, студентите, работниците, земјоделците, социјалците и пензионерите.

Тоа е глас за спас, спас на Македонија од пропаст.

И конечно, вашиот глас одлучува дали сакате за премиер човек  од скопскиот асфалт со криминална позадина или сакате за премиер докажен и способен човек, наш човек, човек од нашата Струмица.

Затоа ве повикувам да ја изберете добитната комбинација- број 1 за листа на пратеници од СДСМ кои секогаш ќе бидат на ваша страна, и број 3 за претседател со кој ќе се гордеете. Бидете сигурни, добриот  глас со добро ќе ви се врати“, вели Даскаловски.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат