(ВИДЕО) Даскаловски: Ќе ја департизираме јавната администрација

Од:

Изминативе години ВМРО ДПМНЕ јавната администрација од сервис на граѓаните ја претвори во партиски сервис, каде наместо по стручност,професионалност се добиваше работа  и се унапредуваше исклучиво по партиска заслуга, изјави денеска на прес конференција, Марјан Даскаловски, кандидат за пратеник на СДСМ.

„Оваа состојба мора да се промени! Администрацијата мора да е сервис и во служба на граѓаните. Владата на СДСМ во својот четиригодишен мандат  ќе ги преземе следните мерки:

-Новите закони за јавната администрација, државната администрација и сите вработувања во јавниот сектор со кои  оваа влада ги стави под партиска контрола ќе бидат целосно променети во насока на создавање на модерна и ефикасна администрација,

–Ќе се воведе стимулативен систем на наградување и нивната плата ке биде врзана со порастот на македонската економијата .

-Целосно ќе ја професионализираме и департизираме јавната администрација,

-Ќе се намалат трошоците за вработување , потребните документи за вработување како и средствата за сертификатите,

-Ќе се воведе систем на перманентна обука  на сите вработени во државната администрација,

-Ќе ја вклучиме бизнис –заедницата  во креирање на наставните програми за едукација  на службениците,

-Мерките на администрацијата ќе се носат со консултации и анализи, при што за секоја покрупна мерка ќе се слуша гласот на народот,

-Сите акти кои ќе ги донесе администрацијата ќе бидат јавни и ќе се објавуваат на веб страна,

-Ќе се воспостави регистар на јавни претпријатија,

-Ќе се воведе флексибилно работно време во администрацијата,

Ова се дел од мерките кои се однесуваат на администрацијата.

Ја повикуваме администрацијата да ја погледне програмата на СДСМ, и да даде поддршка . Давајки ја поддршката на нашите мерки ке се ослободат од наметнатите стеги и мерки на заплашувања кои сите овие години  им ги прави ВМРО ДПМНЕ“, рече Марјан Даскаловски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он