(ВИДЕО) Данев: Заев да одговори дали НВО што учествуваа во „шарена револуција“ се финасираат од парите на граѓаните

Од:

„Заев треба да и даде одговор на јавноста, дали невладините организации кои учествуваа во таканаречената шарена револуција сега се финансираат од парите на граѓаните?

Владата предводена од СДС уште во првите 100 дена започна со згрижување на активистите од невладиниот сектор. Видовме како Заев ги смести во владата, министерствата и државните институции активистите кои учествуваа во т.н. шарена револуција и по насилен пат ја уриваа легално избраната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Истите личности, кои Заев ги ангажираше како членови во разни совети, сè уште се активни во невладините организации кои работат по диктат на СДС. На тој начин, овие личности добиваат огромни грантови од надворешни извори, добиваат плата од државата и добиваат милионски суми од буџетот на Република Македонија.

Последните два месеци забележани се трансфери на огромни суми од државниот буџет на сметките на невладините организации за кои нема појаснување како ќе бидат трошени овие средства. Јавноста треба да биде запознаена со работата на невладините и со нивните извори на финансии.

Во периодот од 7-ми август до 20-ти септември 2017 година, од буџетот на Република Македонија кон невладините организации биле префрлени 26.125.877 денари.

Од кои, највпечатливи се трансакциите кога во еден ден се префрлувале по неколку милиони денари на сметките на невладините.

На 8-ми август од буџетот се префрлени 6.755.730 денари, на 23-ти август од буџетот се префрлени 4.666.666 денари, на 24-ти август се префрлени 1.485.000 денари, на 31-ви август се префрлени 3.350.000 денари, додека на 20-ти септември се префрлени 5.266.666 денари на сметките на невладините организации.

Имајќи го во предвид работењето на дел од невладините организации во минатото кои одработуваа за кампањата на СДС и нивните извори на финансии, нејасно е дали истите невладини организации кои насилно ја уриваа легално избраната влада на ВМРО-ДПМНЕ сега добиваат милионски суми од парите на граѓаните“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ