(ВИДЕО) Данев: Во Договорот со Бугарија Македонија е оштетена

Од:

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека СДСМ спротивно на ставот на експертите и без присуство на опозицијата во Собранието го истурка договорот со Бугарија.

– Власта, спротивно на интересите на македонскиот народ ратификуваше целосно асиметричен договор во однос на правата и обврските што ги имаат двете страни. Во овој договор Република Македонија е оштетена и затоа истиот еуфорично е поздравен само во соседна Бугарија. Договорот има сериозни пропусти и истиот не го дефинира македонскиот народ како реална и идентитетска посебност. Македонија своеволно се откажа и од македонското малцинство оставајќи илјадници луѓе на цедило. СДСМ со овој договор сам го негира постоењето на македонскиот јазик и дозволува истиот да биде ословуван како јазикот според Уставот, рече Данев.

Тој додаде дека власта се согласила и на промена на учебниците по историја врз база на проценка на интервладина политичка комисија, што е надвор од здравиот разум и принципите на науката.

– СДСМ овозможи со овој договор, Република Бугарија да не блокира на секој чекор кон ЕУ, доколку тие оценат дека одреден дел од договорот не е исполнет. Тоа се дополнителни проблеми и последици за Македонија. Довербата и конструктивната соработка помеѓу две држави е взаемна. Потребни се добра волја и конструктивност од двете страни. Ситуација во која една страна или нејзиниот народ ќе се чувствува поразен или понижен дефинитивно не е патот по кој треба да се гради соработката. Имајќи ја во предвид блискоста помеѓу нашите две држави и народи. Историски, политички и трговски, ВМРО-ДПМНЕ смета дека истите треба дополнително да се унапредуваат односите со цел благосостојба на македонскиот и бугарскиот народ, но никако тоа не смее да биде на штета на било кој од двата народа и држави, рече Данев.

ВМРО-ДПМНЕ има позитивен став за одоносот на Македонија кон Република Бугарија и е за продлабочување на врските помеѓу двете држави преку градење на мостови.

-вНапоменуваме дека пријателството и градењето на доверба е работа за која еднаков напор треба да дадат двете страни, без притоа да бидат газени чувствата на едната страна. Во 21 век да градиме мостови на соработка. Да склучуваме договори за економски просперитет и технолошки прогрес на нашите народи. Да не дозволуваме да се чувствувааме поразени, туку заедно да работиме за европската иднина на Македонија и Бугарија, но притоа да се почитуваме еден со друг, заврши Данев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања