(ВИДЕО) Данев: Кандидатот за градоначалник на СДС, Златко Марин под дејство на алкохол направил тежок сообраќаен прекршок

Од:

„Кандидатите за градоначалници на СДС се избирани по калапот на Зоран Заев. Без морал, со црни петна и афери зад себе.

Кандидатот за градоначалник на СДС за општина Аеродром, Златко Марин под дејство на алкохол направил тежок сообраќаен прекршок.

Човекот кој претендира за прв човек на општината, направил сообраќајка под дејство на алкохол.

Според извештаите на МВР пред неколку години со 1.17 промили алкохол во крвта, на булеварот „Илинден” со огромна брзина удрил во друго возило, и возачот во другото возило се здобил со тешки телесни повреди.

Тешкиот сообраќаен прекршок бил констатиран од страна на полицијата и била пропишана парична казна, и доколку не ја платил истата тогаш требало да се изврши казна затвор.

Да, почитувани граѓани, Златко Марин во алкохолизирана состојба во доцни вечерни часови направил сообраќајка и нанел последици по животот на друго лице.

На ваков човек не би му дале ниту автомобил да управува не пак да води општина.

Аеродром заслужува подобро. Аеродром заслужува човек кој е чесен и одговорен, работлив и од збор.

Поради тоа граѓаните на Аеродром на 15-ти октомври на локалните избори нема да дозволат ваков човек да биде градоначалник“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ