(ВИДЕО) Данев: ДИК се стави во служба на СДС

Од:

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека ОБСЕ утврдиле несовпаѓање на 922 места на бројот на лица кои се запишани дека гласале и бројот на изброените гласачки ливчиња во гласачките кутии, што, според него, претставува доказ дека е спроведено полнење на кутии со однапред заокружени ливчиња со т.н. метод на бугарски воз.

– ОБСЕ го воочи и нотира овој огромен криминал, но државните институции под палката на СДС и ДИК која е под контрола на власта не реагираат и го премолчуваат изборниот криминал од огромни размери.
ДИК се стави во служба на СДС. Криминалните избори се аминувани од ДИК со што Чичаковски станува соочесник во тоа. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Александар Чичаковски. Претседател на државната изборна комисија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353. ст.1 од КЗ. Имено Чичаковски во текот на првиот и вториот изборен круг од локалните избори 2017 година со грубо кршење на законите со умисла ги пречекори границите на своето службено овластување и овозможи корист на СДС, рече Данев.

Тој додаде дека Чичаковски не презел ништо во насока на поништување на изборите на гласачките места за кои имало реални докази за извршен бугарски воз.

– До ДИК беа доставени докази и записници кои утврдуваат како гласачки ливчиња од Карпош се најдени во гласачки кутии во Охрид, а од Врапчиште во Гостивар. Ова е јасен показател за извршен бугарски воз и за систематска акција на полнење на кутии од страна на власта. Овој очигледен изборен криминал беше занемарен од страна на Чичаковски и беше озаконет со недејствувањето на ДИК. Имено ДИК согласно чл.151 е должна со решение да го поништи гласањето доколку истото не е спроведено во согласност со Изборниот законик. Но и покрај законската обврска, Чичаковски иако му беа познати случаите на изборен криминал кои индицираат на спроведен бугарски воз не превзема ниедно дејствие за да го санкционира ваквиот криминал и да ја гарантира објективноста на изборите, вели Днаев.

Тој рече дека ДИК не го поништило ни гласањето на ИМ 2657 каде што постоеле јасни докази за прекршена тајност на гласањето.

– Почитувани, ова е со умисла спроведено криминално изборно фалсификување. СДС ги злоупотреби институциите и ДИК , која ја држи преку Чичаковски и изврши брутално кршење на демократијата и волјата на граѓаните. СДС и сите прекршители на законите ќе одговараат за ваквиот криминал врз Македонија и македонските граѓани, Ви благодарам, рече Данев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски

Лозановска: Трагата од претходната влада е загаден воздух, седум години крадење и празни ветувања