(ВИДЕО) Дамева за сликата со Заев: Ако се сликам со членови на партија не значи дека сум била дел од неа, а како претседател имам право да бидам симпатизер

Од:

Новата претседателка на Судскиот совет Весна Дамева негира дека била член на политичка партија, а фотографијата каде што позира со членовите на СДСМ и со бившиот лидер на партијата, Зоран Заев не значи ништо за неа и не е доказ дека била дел од СДСМ.

Весна Дамева по изборот за прв човек на Судскиот совет пред медиумите рече дека со нејзината работа докажала дека не е припадник на ниту една партија ниту пак вршела партиска функција.

– Јас како член на судскиот совет ниту сум имала влијание ниту сум имала притисоци. Интегритетот е личен штит во одбрана на таквите притисоци. Кога станав член на Судскиот совет ниту сум била член на политичка партија ниту сум вршела партиска функција.

Претпоставувам се работи за фотографијата што излезе во јавноста на која сум сликана со одредени лица во политиката. Јас со мојата работа досега докажав дека не сум припадник никаде и ве уверувам дека пред мене единствено стои законот. Не може од било која фотографија да се стекне впечаток дека сум била дел од партија.

Ние како граѓани како интелектуалци како дел од овој систем сме симпатизери, гласачи на избори. Јас на избори уште од 18 години учествувам преку гласачкото ливче. И како претседател на судскиот совет имам право да гласам на избори, тоа не би требало да остави сомнеж – истакна Дамева.

Таа ја наследи Павлина Црвенковска која поднесе неотповиклива оставка Советот. Во соопштението што го испрати до медиумите за нејзината оставка, таа тогаш се пожали дека веднаш по нејзиниот избор на функцијата започнала медиумска хајка со крајна цел да даде оставка затоа што нејзиниот избор за претседател не одговарал на група од „судската бизнис-елита“.

Дамева не знаеше за каква судска бизнис-елита се работи, но рече дека нејзин приоритет ќе биде сузбивање на корупцијата.

– Таа кованица за првпат ја слушнав од Павлина Црвенковска. Не знам врз основа на кои факти тоа го кажува, но можеби се работи само за нејзина лична перцепција. Доколку претседател на Судски совет знаел за вакви релации морал да пријави, а вака се остава сомнеж во јавноста.

Мој личен приоритет е да успееме да направиме чекор напред во борбата против корупцијата. Злото наречено корупција мора да се сузбие и тука нема простување. Оној судија кој ќе биде корупмиран врз основа на докази за него ќе биде широко отворена вратата за излез од судсството. За корумпирани судии нема да има поправен испит – додаде Дамева.

Дамева е дипломиран правник со положен правосуден испит и стручен соработник во Кривичниот суд. Во Судскиот совет беше избрана на предлог на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ