(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

Од:

Кога Филипче вели дека треба да се учи од Заев, дали мисли на давањето на бизниси на свои роднини? Кога Венко Филипче вели дека народот треба да учи од Заев и дека нема друг како него, треба да каже дали мисли на давањето на лиценци за производство на марихуана на свои братучеди? Дали Венко Филипче учи од Заев како да дава бизниси со дрога на свои блиски роднини, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев даде неколку лиценци за производство на марихуана на свои блиски луѓе. Производството на марихуана го направија куќен бизнис. Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи? Има ли Венко Филипче план да биде ист како Заев и дали за тоа е неговата политичка борба? Добро е што Венко Филипче призна се, и јасно кажа дека се огледува и дека го следи примерот на Зоран Заев, за никој да нема дилеми какви политики би преземал, рече Манасиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!