(Видео) Дали Тарчуловски манипулира – Бошкоски не бил финансиран исто како него

Од:

Јохан Тарчуловски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода изјави дека со владина одлука за парична помош на македонските затвореници во Хаг заедно со Љубе Бошкоски за 8 години земале иста сума на пари, заборавајќи на фактот дека Бошкоски во Хаг престојуваше само 4 години по што беше ослободен и прогласен за невин.

Во архивата на владата постои одлука само за Јохан Тарчуловски за помош од 5 илјади евра, но не и за Љубе Бошкоски кој во тоа време стана „непријател“ број еден на владата на Никола Груевски.

– Да излезе вистината. Како на нас така и на семејството на Љубе Бошкоски осум години ни помагаше државата. А кој треба да ни помогне, сите држави им помагаа на нивните државјани, многу повеќе од нас, рече Тарчуловски.

На прашањето на водителката дали беше ист износот за двајцата цело време, Тарчуловски повтори:

– Сосема ист, владата на СДСM прво ни ги додeли, а потоа и на ВМРО-ДПМНЕ.

Единствената финансиска помош која Тарчуловски и Бошкоски ја добивале заедно е помошта од Владата на Владо Бучковски која беше предвидена за само четири години и вкупно изнесуваше по 100.000 евра.

По истекот на тие четири години и ослободувањето на Бошкоски во 2009 година, Владата предводена од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за финансирање на семејството на Тарчуловски со 5 илјади евра месечно – пари кои Бошкоски никогаш ги нема земено ниту па има одлука за него со оглед дека беше ослободен од Хаг, но и набрзо беше повторно затворен за предметот „Кампања“.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Тарчуловски позитивен на Ковид-19: Зарем некое зло мене ќе ме одмине?

А1он

Тарчуловски нема дозвола да го следи обраќањето на Столтенберг во Собранието

Ана Ололовска

Тарчуловски до Димишкова: Дозволете да присуствувам на обраќањето на Столтенберг бидејќи сум поддржувач на ЕУ и НАТО интеграциите

Наум Локоски

На 19 декември пресуда за отштета на семејството на еден од убиените во 2001

Ана Ололовска

Семејствo на загинат од Љуботен бара 1 милион евра oтштета од Јохан Тарчуловски

Ана Ололовска