ВИДЕО: Да се лицитира за спомениците од „Скопје 2014“ во кампот пред Влада?

Од:

На денешниот разговор во кампот на „Граѓаните за Македонија“ пред Влада, помеѓу Владимир Милчин и српскиот режисер Златко Паковиќ, беше предложено во кампот да се организира лицитација на спомениците и објектите од проектот „Скопје 2014“ за да се утврди нивната вистинска вредност. Оваа идеја ја предложи граѓанин откако Милчин рече дека е време да престанат да се поставуваат прашања за нерешените проблеми, туку да се предложат некакви решенија.

Паковиќ, пак, се осврна на големите трошоци кои ги наметна овој урбанистички проект зад кој стои владејачката партија, но и неговата идеалистичка природа.

– Најголемо зло е да живееш на трошок на идните генерации. Тие ќе мораат да рушат, за нешто да изградат – посочи тој.

Според него проектот делува како сет на некој холивудски мегаспектакл, во кој реквизитите останале на своето место и по снимањето.

На прашањето од публиката што ќе се прави во иднина со бројните споменици, кои народот не ги прифати, Милчин предложи дека е време да се даваат идеи така што во кампот ќе се постави кутија за ливчиња на кои граѓаните ќе ги запишат своите пердлози.

– Треба да се поместиме од пасивните позиции така што нема да прашуваме повеќе, туку ќе дадеме некакви одговори. Може ќе се појави нешто луцидно, некој мудар предлог. Второ што е многу важно е што прашањето не е колку долго ќе бидеме овде, туку што ќе направиме со самите себе во времето додека сме овде, како ќе го искористиме тоа време. Затоа што ако излеземе од овде исти, грешката ќе се повтори – порача тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Протест во Косовска Митровица, општинските работници сакаат да се вратат на работа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Баковска: Власта да ја повлече одлуката за отпуштање на 700 образовни асистенти за деца со попреченост

(ВИДЕО) Трајковски: Образованието мора да биде приоритет, власта да ги промени погрешните политики

(ВИДЕО) Ангеловска: Наставниците се важен дел од образованието, власта да ги покачи платите