(ВИДЕО) Цветковски: Единственото нешто на што остана Заев доследен до крај е лажењето

Од:

„Лагата е лага.

Единственото нешто на што остана Заев доследен до крај е лажењето, манипулирањето и потценувањето на граѓаните.

Во неговата економска програма, тој лажеше дека на крајот на годината ќе имало поврат на ДДВ за граѓаните и на тој начин секој граѓанин ќе добива 30.000 денари годишно.

Никој ниту доби поврат на ДДВ ниту пак се почна со овој проект.

Заев лажеше дека ќе ги врати парите кај граѓаните – денеска парите се влеваат во фирмите на неговите најблиски соработници и невладини организации кои ја поддржуваат неговата политика.

Заев лажеше дека младите веднаш по завршување со образованието ќе добијат работно место, а гледаме како седат дома младите без работа. СДС не отвори ниту едно ново работно место, а напорно работи да ги избрка странските инвеститори и да ги затвара веќе отворените.

Заев лажеше за вложување во домашни енергетски капацитети за стабилна и поевтина струја, а со најавената либерализација, струјата во наредната година ќе поскапе, а фирмите на Анѓушев ќе се здобијат со монопол.

Лажеше за изградба на 500 километри автопат, а ја стопира изградбата на сите автопати кои започна да ги гради ВМРО-ДПМНЕ.

Лажеше дека полицијата ќе ги штити и ќе биде сервис на граѓаните, а денеска гледаме како полицијата е злоупотребена од СДС за предизборната кампања и како се ослободуваат личности кои се осудени за криминал, терор и изборни нерегуларности со што директно е загрозена безбедноста на граѓаните на Република Македонија.

Лагите на Заев, се веќе препознатливи за граѓаните, тие знаат дека не можат да бидат манипулирани и злоупотребувани. Граѓаните тоа ќе го докажат на 15-ти октомври“, изјави Марио Цветковски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања