(ВИДЕО) Црвенковски: Сега е шансата за се да им вратиме

Од:

Под мотото „Време е, иднината сега“, здружената опозиција предводена од СДСМ синоќа го одржа својот предизборен митинг пред тетовци.

Лидерот на партијата Бранко Црвенковски уште еднаш повтори дека предвремени избори ќе има.

Благодарејќи на вашата решителност, упорност, верба и доверба, предвремени парламентарни избори во Македонија ќе има. Нека го искривуваат договореното Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, нека лажно го читаат, нека лажно го преведуваат. Дали тие ветиле дека до јуни ќе го решат спорот за името со Грција, за нив бегање нема и од соочувањето со народот, рече Црвенковски.

Љупчо Апостолоски ја предводи советничката листа, а Ивица Зориќ се најде на позицијата кандидат за градоначалник. Вети подобра инфраструктура, но и враќање на старата традиција на театарскиот и музичкиот живот во Тетово.

На синоќешниот предизборен митинг на Сојузот за иднината во Тетово говореа и претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимовски, и на НСДП, Тито Петковски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?