(ВИДЕО) Црвенковски: Излези Никола на балкон да си го видиш црвениот картон

Од:

Бранко Црвенковски на протестниот марш рече дека на граѓаните не им било дозволено да дојдат и да го изразат својот револт пред зградата на МВР и затоа рече тука сме токму пред зградата на наредбодателот на се што се случува во државата, пред зградата каде живее Никола Груевски.

Излези Никола право на тераса и поздрави го народот што гласа. Излези Никола на балкон да си го видиш црвениот картон, му порача во свое и во име на народот на премиерот, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Народот, рече, не излегува за ничија лична кариера или партија, се случува нешто побитно, народот ја препозна опасноста која е надвисната над него.

Народот знае дека е време да се бори и да ја зачува демократијата и иднината.

Тешко на таа власт која чека само полицијата и корумпираните медиуми да ја држат на власт. Јас кариера направив, но сакам да живеам во слободна Македонија и ќе се борам со вас до крај за таква иднина. Затоа ни требаат фер и демократски избори. Македонија бара историски избори за историска победа, порача Бранко Црвенковски.

Пред 7 години, вели лидерот на СДСМ, Никола ја освои власта ширејќи надежи и ветувајќи нови работни места и економска преродба. 7 години подоцна ја одржува власта со полиција, притисоци и инспекции. Тешко таа власт што чека да ја држи полицијата на власт. На крајот на краиштатата и овие полицајци живеат во оваа држава и имаат фамилии па гледаат дека ова не е нормално што ни се случува. Ова е борба за тоа каква држава ќе живееме. Мене не ми треба никој да ми ја спасува кариерата, Јас кариера направив. Меѓутоа сакам да живееме во побогата и попросперитетна Македонија. Затоа се борам и ќе се борам рамо до рамо со вас. Оваа одлука не може да ја донесе ниедна партија.

Само народот може да одлучи. Затоа ни се потребни предвремени парламентарни избори за да може да одлучи. Народот бара историски избори за историска победа.Горд сум што припаѓам на ваков народ порача Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата