„Денеска се навршуваат четири недели од црниот понеделник кога се изврши класично убиство на уставот, слободата и демократијата“, рече лидерот на сдсм Бранко Црвенковски во Куманово
„Четири недели ги гледаме нарачателите на тој криминал и злосторство како ништо да не се случило, секој ден се повеќе глумат лудило, фрлаат камен темелници на аква паркови, распишуваат тендери на барокни фасади на владата“.
„Во Македонија полни се улиците со луѓе, но што прават нивните пералници за мозоци? Во Скопје имало едвај 2500 луѓе, во Струмица едвај 500, ајде да видиме што ќе кажат вечерва дали ќе се 300 или 400“, рече Црвенковски.
Утре, рече тој, ќе одам на лидерска средба со Груевски. Што ќе каже тој не знае, но знае што тој ќе му каже, она истото што го кажува секој ден пред народот:
„Оваа земја не му припаѓа ни на Груевски, ниту на мене, ни на ВМРО-ДПМНЕ, ни на СДСМ, не станува збор за борба за власт туку за иднината на оваа земја, а за иднината може само народот да одлучи. Народот треба да одлучи дали е за партиско полициска или слободна држава, дали е за режимска или демократска држава, дали се за одговорно или криминално трошење на пари, дали се за живеачка или за камења, бронза, жални врби, фонтани“, рече Црвенсковски.
Ние од одлуката на нарадот на слободни и фер избори не се плашиме, но Груевски има зошто да се плаши.
„Ајде на избори народот нека реши, Груевски се плаши од народната казна. Тешка казна го чека. Груевски поарно казната да ја добиеш на демократски избори отколку на друг начин, за тебе ќе биде полошо. За нас враќање нема одиме до крај до победа“, рече тој.