(ВИДЕО) Црвенковски: 2013-та нека ни донесе нов почеток и нека ни го покаже излезот од ова мочуриште во кое тонеме

Од:

„Деновите пред Нова Година и Божиќ отсекогаш биле и секаде биле денови за убави желби, за добри мисли, за душевен мир и семеен спокој. И искрено, од дното на душата и срцето би сакал да можам да ви упатам токму такви пораки.

– Дека најтешкото е зад нас. Дека ќе биде подобро. Дека како народ и како држава сме на вистинскиот пат. И само треба да продолжиме во истиот правец“, вели во новогодишната честитка до граѓаните на Република Македонија, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Но, вели, кога тоа би ви го кажал би ве лажел, а и вие би знаеле дека тоа не е вистината.

„А која е вистината?

– Дека се живее тешко и дека за жал ќе биде уште потешко. Дека како народ и држава не водат кон провалија. Дека суспендираа и Устав и закон, дека ја убија и слободата и демократијата во оваа земја. Дека Македонија дефинитивно не е нормална, правна демократска, туку партиско-полициска режимска држава.

– А таква држава не може да донесе ништо добро за своите граѓани“, посочува лидерот на СДСМ.

Овој кошмар, порачува Црвенковски, ова лудило во кое денес живееме само нема да запре, ниту пак треба да се надеваме дека некој однадвор ќе ни ги реши проблемите.

Ова е време, нагласува, кога ние самите како народ треба да покажеме дека имаме потенцијал, дека имаме капацитет, дека не бива и заслужуваме да имаме држава во која ќе се живее слободно, демократски, во која ќе бидеме еднакви по правата и обврските, во која судовите ќе одлучуваат по закон, а не по партиска директива, во која медиумите ќе ја соопштуваат вистината, а нема да ја величат лагата….

„Изборот кој ни го носи оваа нова 2013-та година е тој: Или ќе продолжиме да живееме понижени, замолчани, стуткани, газени во страв и во срам, или ќе го кренеме својот глас, ќе се бориме и избориме за своето достоинство, ќе ја добиеме оваа битка за својата иднина и иднината на своите деца!!

– Трето нема! И секој кој мисли дека има трето, дека може да остане настрана од ова што ни се случува, се лаже и себе си и сопствената совест!!

– Ние од СДСМ и од здружената опозиција Сојуз на иднината нашиот избор веќе го направивме. За нас запирање, за нас враќање назад повеќе нема. Одиме до крај! И затоа почитувани граѓани, на сите вас, на целиот наш народ во оваа Нова 2013-та година посакувам: Храброста да биде посилна од стравот, разумот да го победи лудилото, волјата на народот да биде поцврста од диктатурата на власта.

– Нека оваа Нова 2013-та донесе нов почеток, нова страница во нашата историја, нека ја отвори вратата кон иднината и го покаже излезот од ова мочуриште во кое тонеме!

– Нека оваа Нова 2013-та биде победничка и за Македонија и за македонскиот народ!!!

– Ви посакувам многу здравје и среќа вам и на вашите семејства. Среќна и победничка Нова 2013-та година“, порачува во новогодишната честитка, Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Горан Наумовски

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август, а дотогаш народот нека се труе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ: Во Ново Село организираната криминална група прати насилници да ги тепаат младите – затоа што се плашат од вистината!

Горан Наумовски

СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат