ВИДЕО: Црниот понеделник тема во Советот на Европа

Од:

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието на РМ, Игор Ивановски се обрати во Советот на Европа

„Дозволете ми да Ве информирам за последните политички случувања во Македонија, кои се случија на 24 Декември и предизвикаа огромни негативни последици врз државата.

– Се започна со дебатата за усвојувањето на Буџетот. Македонската влада и владејачките партии одлучија да го усвојат Буџетот преку употреба на сила, спречувајќи дебатата која беше во тек и одземајќи ни го правото на нас, пратениците слободно да говориме и да ги браниме интересите на граѓаните кои ни ја дадоа довербата. Поточно, парламентарното мнозинство и Владата направија случај без преседан, кршејќи го Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на законодавниот дом“, рече Игор Ивановски.

„Го кревам гласот во име на македонските граѓани. Ова не е нечиј внатрешен политички или партиски проблем, се работи за тоа дали Македонија може и ќе биде вистинска парламентарна демократија или со оваа влада ќе се претвори во тоталитарен режим. Ја барам вашата солидраност и барам Владата да се придржува до обврските преземни во Советот на Европа. На македонската држава и граѓани им е потребен фокус, поддршка, најитни и постојани форми на мониторинг од Советот на Европа за разурнатата демократија да биде спасена и реизградена уште еднаш“, истакна Ивановски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер