Центарот за развој на медиуми направи анализа на судските постапки, поведени спред Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета од од 15 јуни до 15 октомври.
Резултатите од истражувањето на ЦРМ говорат дема судот донел малку правосилни пресуди или од започнати 29 процеси правосилни се само 4.
Според ЦРМ многу побрз е судот кога тужи некој владин функционер а судиите носат пресуди по итна постапка, додека кога нема вклученост на државен функционер може да се констатира дека судиите подоследно ја практикуваат праксата на Европскиот суд за човекови права.
Како еден од случаите кој го анлаизарал ЦРМ е тужбата на директорот на УБК, Сашо Мијалков до неделникот Фокус. Сметаат дека судот неправилно оценил дека изворот на информации е несериозен и нерелевантен.
Анализата на правосилноста на пресудата во случајот Мијалков-Фокус според ЦРМ покажува дека функционерите уживаат повисок степен на заштита во однос на новинарите и граѓаните.
ЦРМ е на ставот дека пресудата за Фокус е негативна и загрижувачка и судот наместо да ја штити слободата на изразување дополнително ја загрозува.
„Од анализата на правосилната пресуда Мијалков против Фокус може комотно да заклучиме дека постапувањето на судот е различно каде што се јавуваат функционери. Во оваа пресуда може да видиме дека судот постапува различно во однос на другите односно не го гледа јавниот интерес, недоследно ја ја применува праксата на Судот за човекови права. Во утврдувањето на надоместоците судот воопшто не водел сметка дека со досудените надоместоци се врши оладувачки ефек врз истражувачкото новинарство како и на слободата на изаразување воопшто“, рече Владимир Медарски.
На Македонија и на владините функционери им недостасува поголема толерантност кон критиките кои доааѓаат до нив смета Нени Јансен од (MLDI) организација која пружа правна помош на новинари и блогери ширум светот.
„Треба да има поголема толеранција при критицизам за критика кон нив и сите јавни службеници. Илјада евра не е многу за медиум но за индивидуалец е многу“, рече Јансен.