МПЦ од прес конференција повика на масовно присуство на собирот во четврток, поради игнорантскиот однос од системот кон нивниот став за експлицитно повлекување на двата закони, за родова еднаквост и за матична евиденција. Црквата нагласи дека не поддржува говор на омраза, нема ништо против никој да живее како сака, но не и да му наметнува на општеството вредносен систем кој не е прифатлив за 99 проценти од заедницата.
Овој собир не е насочен против никого туку против содржината на предлог законите. Ние експлицитно изразуваме протест против новиот контекст што му се дава на поимот род, и се злоупотребува уште повеќе во предлог законот за матична евиденција.
Ја користам можноста да го повикаме народот за присуство заради тоа што изразот на црквата овој протестен рефлекс, сосема погрешно се интерпретира во јавноста како институција, црквата не е само институција, туку жив организам составен од заедница со вредносен систем, и тој е спротивен кон она што ни го нудат со овие два предлог закони. Сметаме дека овие закони ќе го забранат нашето право на вероисповест, да ја проповедаме верата, со ова ќе се редефинира целото општество и ќе се ограничи слободата на говор кој се однесува на родосензитивниот јазик, рече викарниот епископ Јаков Стобиски.
Ние се оградуваме однапред од било каква злоупотреба на овој протест, не подржуваме никаков говор на омраза, никакво скандирање и поддржуваме само мирен собир. Во однос на одлуката на СДСМ дека законот за матична евиденција не треба да биде донесен во предложената форма, рече дека е за поздравување.
-Ние учествуваме во таа јавна дебата, црквата е, и мора да остане коректив на совеста на општеството. Што се однесува до одлуката на СДСМ е за поздравување иако е тоа партиска одлука, да видиме како Владата ќе се произнесе. Ние не сме против никого, особено против остварување на нечии права-туку реализацијата на овие закони ќе ги загрозат правата на мнозинството. Тоа е диктатура на сметка на остварување на нечии права, да се остваруваат нечии права, нема да речам малцинство, зошто и само еден човек во очите на Бога има душа на сиот свет, рече епископот Јаков.
Во однос на правтаа на ЛГБТ заедницата морам да кажам дека верските заедници се најтолерантни кон таа заедница. Дали сте приметиле говор на омраза? Ние видовме успешна парада. На парадирањата кои ги прават, тоа се едни исти луѓе, невладините организации под плаштот на борба за човекови права кои сакаат да не оковаат во тоталитаризам. На тие паради се користи моментот за говор на омраза кон црквата, ние не одговоривме ништо и на поседниот обид кој беше на парадата. Тој обид, размена на тези, агресорот да се претстави како жртва, токму тоа го доживуваме. Основните човекови права се загарантирани и во однос на сексуалните права, и ние тоа го поддржуваме, никој нема право да биде линчуван поради својот начин на живот.
Поддршката од останатите верски заедници е апсолутна и се надеваме на нивното присуство.
Родова еднаквост се рефлектира во матична евиденција во она што се создава кај родовата еднаквост, овие закони носат поинаков контекст на поимот род од тој што сме навикнати. Поимот род има сосема поинакво значење, ние сме изманипулирани, родот не го одвојуваме од полот, ако има два пола има два рода, овие закони отвораат пандорина кутија секој ден да има различни родови, тоа не го прифаќаме. Процесот на демократија треба да зрее согласно со менталниот склоп на еден народ. Рефлексот на црквата е рефлекс на 99 проценти на еден народ, ова не е наша реалност и не сакаме да биде наша реалност, рече тој.