ВИДЕО: Copy-paste понудата на Тодоровиќ

Од:

Како што се сфаќа и некаде и од некого практикува, политиката во Македонија го презема приматот на најстариот занает во светот.

Не е свето ништо, па она што сте го кажале вчера денеска не важи. И се оди на тоа дека народот е за еднократна употреба и дека има кратко паметење. Па како и денеска истиот човек, лидерот на Титови леви сили во петок го подржа Жерновски како решение за европски Центар, а во сабота неговиот против-кандидат Тодоровиќ.

За жал и copy-paste техниката за некои е полесна. Па наместо кандидатите, или они кои сакаат да ја добијат нашата доверба да не „купуваат“ со своја понуда, идеи, најлесно си ги „купуваат“ или препишуваат идеите на политичките противници.

Последен пример е случајот со Центар. Едниот кандидат, во овој случај опозиционерот промовира проекти, кои патем се напишани и промовирани во неговата програма, за веднаш позиционерот на истото место да си ги промовира како свои, а за кои, повторно, патем, нема ниту збор во неговата програма.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ денеска пред угостители од Дебар маало го презентира проектот Дебар маало Боемско маало.

– Овој проект ќе го реализираме заедно со Градот Скопје и Владата. Проектот предвидува Дебар Маало да прерасне во посебна целина, во која ќе се чувствува и ќе пулсира препознатливиот боемски „шмек“ карактеристичен за ова место, изјави денеска Тодоровиќ.

Ова не го предвидел во програмата, која сака да ја реализира во наредните 4 години, а не стана збор за ова и во изминатиот негов 4-годишен мандат.

Точно пред 9 дена Андреј Жерновски кандидатот за градоначалник на општина Центар, најави дека во Дебар маало вети дека ќе направи Боемска улица којашто ќе се протега од потегот од Идадија до Градежен факултет.

„Овој потег на главната улица во Дебар маало ќе биде затворен за сообраќај и сите угостители ќе можат да извадат маси и столици каде што граѓаните на Центар ќе можат во новиот шмек на Скопје.

– Планирам овој потег да наликува на познатата белградска Скадарлија“, рече Жерновски.

Исто е и со паркинзите.

Жерновски вети бесплатен паркинг за жителите на Центар на цела територија на општината, за да биде негиран од власта дека ваква идеја може да се реализира.

Тодоровиќ кој ова не го планираше, вчера излезе да го промовира како своја идеа.

Иако велат „Политика и се е можно“, сепак и тука треба да има ред и морал, чесност и искреност. Во локалната изборна трка се гласа за човек и понуда а не за партиска приврзаност и должност.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов