Средношколците денеска информираа дека ќе ги пополнат пријавите за полагање на државна матура, но ќе го продолжат бојкотот заедно со родителите и наставниците што ги поддржуваат. Тие кажуваат дека се засилуваат притисоците врз нив, а и врз нивните родители.
– Цивили кои се претставуваат како инспектори влегуваат во училиштата и ги заплашуваат децата со парични казни од по 2 000 евра, без никакво објаснување, се обидуваат да земат лични податоци како што се матичен број, име презиме и професија на нивните родители, адреса на живеење. Тоа го прават без налог и тоа го прават врз малолетни деца, рече Ѓорѓи Ставриќ
А1 он дознава дека лица што се претставиле како инспектори влегле во „Раде Јовчевски Корчагин“ и барале податоци за учениците и нивните родители.
Средношколскиот пленум има податоци и за притисоци што се вршат врз родители кои се вработени во државни институции.
– Голем притисок има од страна на директорите и одредени професори. Но ние како Средношколски пленум сакаме да укажаеме дека тие уцени и закани немаат никаков ефект освен што не’ мотивираат да се бориме за добро образование, а не за ова што, денес, нас ни се случува со овие реформи, вели Ѓорѓи од Средношколскиот пленум.
Тие им порачаа на професорите да бидат заедно со своите ученици.
– Имаме собрано 10 000 потписи, родителите исто така ќе доаѓаат тука секој ден во 17 часот и со тоа уште еднаш ќе укажеме: вашите закани се празни! единствено што постигнаат тие закани е да не’ мотивираат, велат средношколците.
А:Б.