ВИДЕО: „Цивил“ со пара-кампања пред вториот круг локални избори

Од:

И пред вториот круг избори во некои општини или можни прегласувања, Цивил-Центар за слобода на терен забележал тензична атмосфера и ограничување на слободното изразување на граѓаните.

Организацијата го повтори својот апел до сите учесници на изборите, политичките партии и нивните членови и активисти, до институциите на државата, организациите на граѓанското општество и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија, да дадат свој придонес за слободни и ненасилни избори и со своето цивилизирано однесување да бидат дел од еден фер и демократски политички натпревар.

Истовремено, „Цивил“ организира и пара-кампања, со дваесетина видео клипови со духовита содржина чие заедничко име е „Ајде да бидеме озбилни!“ – паракампања на Цивил за паранормални појави во изборните процеси.

Организацијата и пред вториот круг или прегласувањето на некои избирачки места, ќе продолжи со проектот Слободни и ненасилни избори 2013. Ќе се работи на јакнење на јавната свест за потребата од избори без притисоци и насилство, преку онлајн активизам, кампања на ТВ, радио и весници, дистрибуција на едукативни материјали за слободни и ненасилни избори и втора, сеопфатен мониторинг на целиот изборен процес, односно на кампањата, предизборниот молк, денот на гласањето и медиумите.

Овој мониторинг го спроведуваат околу 140 лица распоредени во девет работни групи за превенција и неколку мобилни тимови на територијата на целата држава. Цивил го повторува својот апел до сите учесници на изборите, политичките партии и нивните членови и активисти, до институциите на државата, организациите на граѓанското општество и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија, да дадат свој придонес за слободни и ненасилни избори и со своето цивилизирано однесување да бидат дел од еден фер и демократски политички натпревар.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?