(ВИДЕО) Цивил: Пратеник поткупувал гласачи во Струмица, малолетници гласале во Љубанци

Од:

Во Турско маало во Струмица е забележано поткуп на гласачи од пратеник на една политичка партија во Собранието, известуваат од невладината организација „Цивил“.

Повеќе од 210 пријави за неправилности во изборниот процес примила невладината организација до 16 часот, потенцирајќи дека овој број постојано расте. Се работи за прекршување на изборниот молк, поткуп на гласачи во избирачкото место, злоупотреба на јавни ресурси, прекршување на овластување од страна на полицијата, а партиски активисти ги фотографираат гласачите кои се појавуваат на избирачко место. Од таму велат дека продолжуваат проблемите со избирачкиот список за парламентарните и за претседателските избори, а семејно гласање е забележано речиси низ цела територија на Македонија.

– На избирачко место во Пробиштип се забележани 4 случаи на семејно гласање. Исти случаи има и во Кисела Вода, а во оваа општина е нотирано дека едно лице гласало двапати со две различни лични карти. Во село Љубанци е направена злоупотреба на малолетници за изборно гласање. Апелираме до политичките партии да не ги користат малолетниците во политички цели. Општинаската комисија дозволила гласање на малолетниците за кои е нејасно како се нашле во избирачкиот список – изјави Дерала.

За директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, злоупотребата на малолетници претставува феномен кој не се случувал во првиот изборен круг од претседателските избори. Таа вели дека и насилството во текот на денешниот ден е зголемено.

– Транспарентно е беззаконието кое се случува на гласачките места. Се соочуваме со игнорантен однос од страна на полицијата, но и од претставниците на избирачките одбори – изјави Пировска.

 

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Австралиските лабуристи по победата: Нашиот фокус ќе биде трговската војна меѓу САД и Кина

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите