(ВИДЕО) Цивил: Поткуп, гласање надвор од избирачко место и телефонски закани

Од:

Едно лице гласало за 30-тина луѓе кои се претставиле како неписмени во Радовиш, а во село Црешево, кое се наоѓа во општина Гази Баба било извршено гласање надвор од гласачкото место покрај комбе. Во Кисела Вода, пак, гласач добивал закани преку телефон со зборовите „Бери памет“. Ова се најфрапантните случаи на неправилности кои ги регистрирала невладината организација „Цивил“ која го набљудува изборниот процес. Според нивните извештаи еден глас за парламентерните избори има цена од 500 денари.

Новинарката Мери Јордановска вели дека се пријавени голем број случаи каде гласачи се носат со организиран превоз до избирачкото место.

– Во Кичево партиски активисти водат евиденција пред гласачкото место кој излегол на гласање. Во Сопиште маж гласал за две жени. Во населбата Кисела Вода е регистрирано сликање на гласачкото ливче, кое веднаш било поништено. Во Центар и во други општини исто како и за првиот круг од претседателските избори граѓаните пријавуваат дека фломастерот се брише дури и со вода – изјави Јордановска.

Претседателот на „Цивил“ Џабир Дерала објасни дека има разлика меѓу избирачкиот список за предвремените парламентарни и оној за претседателски избори, а граѓаните биле упатувани да гласаат на други избирачки места.

Како што вели Дерала, забележано е непрофесионално однесување на претставниците на избирачките одбори во неколку избирачки места.

 

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија