(ВИДЕО) Цивил: Изборниот закон се прекршува преку закани и притисоци во јавниот и приватниот сектор

Од:

Невладината организација Цивил, само 12 часа пред почетокот на изборниот молк констатира постојано прекршување на Изборниот закон и злоупотреба на јавните ресурси и јавната администрација.

– Ние констатираме дека за утре се најавени настани кои го прекршуваат изборниот молк, а воедно постојано доаѓаат информации за најмалку 12 различни видови за кршење на Изборниот закон, закани и притисоци. Притисоци, закани и отпуштања од работа се забележани во последните неколку дена, не само во јавната администрација, туку и во приватниот сектор – изјави претседателот на Цивил, Џабир Дерала.

Тој апелира до политичките партии да се придржуваат до Изборниот закон и да се почитуваат различните мислења.

– На граѓаните им посакуваме мирен ден, што поголема демократска атмосфера, иако досега многупати се евидентираа сериозни нарушувања на овој процес.

Цивил апелира до избирачките комисии на избирачките места да бидат професионални, да се придржуваат до Кодексот на однесување, но и до политичките партии да бидат коректни и активистите

Како што вели Дерала, забележително е и неизбалансираното известување во медиумите и го оцени како некоректно.

 

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември