(ВИДЕО) Цивил: Гласачи од Пустец масовно доаѓаат во попладневните часови

Од:

Гласачи со биомериски документи масовно доаѓаат да гласаат на повеќе гласачки места низ државата, соопштува Цивил. Гласачите од Пустец доаѓаат организирано со комбиња и помасовно по 12 часот.

Набљудувачите на Цивил гласачите од Пустец ги забележале во повеќе општини: Ресен, Центар, Бутел, Аеродром и други општини.

-На избирачкото место 2849, гласач од Пустец со веќе ообоен палец се обидел да гласа, но кога бил забележан дека веќе има гласано, побегнал. Гласачи од Пустец се разнесуваат со автомобил ни Ресен. Зебележано е жолто комбе со регистарски таблички од Албанија полно со гласачи од Пустец. Гласачи од Пустец гласале и на избирачките места во ОУ „Браќа Миладиновци“ и во Бутел воОУ „Климент Охридски“. Гласач за кој се претпоставува дека потекнува од Пустец, Албанија, а кој вчера го искористил своето право на глас во Тирана, денеска е евидентиран на избирачко место во општина Ресен, вели Мери Јордановска.

Покрај проблемите со избирачкиот список, Цивил известува за нови случаи за нерегуларности во Сгтруга, Ѓорче Петров. На избирачкото место 1454 во Прилеп, гласачи пријавиле дека ги нема на изборниот список за парламентарните избори, а ги има на списокот за претседателските избори.

– Во Ромско маало во Струмица владее хаос, забелеѓано е присуство на голем број припадници на Алфите, се вршу поткуп на гласачи, пратеник врши агитирање пред гласачко место, вели Џабир Дерала, претседател на Цивил

Групно и семејно гласање е забалежано во Куманово, Кичево, Автокоманда, Велес, Центар и Ѓорче Петров.

– До 14 часот во Цивил пристигнаа 153 пријави за нерегуларности, најмногу дури 17 проценти беа во врска со партиски активизам, рече Петар Стојковиќ од Цивил

Продолжува и попречувањето на работата на набљудувачите на Цивил.

Би можело да ве интересира

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

Мицкоски: Не сум сигурен дека цела опозиција сака предвремени парламентарни избори

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Опозицијата победи на изборите во Гренланд, фијаско на владејачката партија

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он