(ВИДЕО) Чулев: Граѓаните да ги извршуваат своите обврски согласно дадените препораки, согласно упатствата на медицинските лица

Од:

„Како што веќе знаете, на седница што ја одржа вчера Владата донесе одлука, почнувајќи од денеска, да се ограничи движењето на граѓаните. Одлуката е донесена на предлог на Комисија за заразни болести во Министерството за здравство.

Верувам дека скоро сите добро сте запознаени што значи тоа, но не е на одмет уште еднаш да потсетам дека со оваа одлука се забранува движење на граѓаните од 21.00 часот навечер до 06.00 часот следното утро. Тоа ќе важи секојдневно се до донесување на друга одлука на Владата. Ваквата одлука на Владата е пред се донесена за заштита на животот и здравјето на граѓаните, а потоа и за спречување на понатамошно ширење на Корона вирусот“, рече министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Од оваа забрана се исклучуваат само лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, живото-загрозувачка состојба и лица кои имаат потреба од дијализа, исклучиво во присуство од најмногу 2 лица. Доколку вакво возило биде запрено од полициски службеници, дополнително ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената институција. Со оваа одлука се ограничува и бројот на дежурни аптеки и надлежните инстотуции на назначат аптеки кои ќе дежураат во рестриктивниот период. Такси компаниите се задолжуваат да воведат дежурства со ограничен број возила, а индустриските капацитети се задолжуваат своето работно време да го прилагодат согласно забраната за движење.

Уште еднаш сакам да потенцирам дека овие одлуки се донесени со цел заштита на животот и здравјето на граѓаните на нашата земја и поради тоа што мерките што беа претходно донесени не беа во целост почитувани од одреден број граѓани. Затоа беше нужно од воведување на овие порестриктивни мерки.

Ги повикувам граѓаните да ги извршуваат своите обврски согласно дадените препораки, согласно упатствата на медицинските лица и секојпат кога излегуваат да користат заштитни маски и ракавици и да избегнуваат блиски контакти со други лица.

Воедно ги информирам граѓаните дека Координативниот штаб на владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и Министерството за транспорт и врски во координација со економските ресори да изготват листа на субјекти кои поради спефицичноста на извршување на дејноста која е неопходна за нормално функционирање на секојдневниот живот ќе им биде дозволено движење. За таа цел пред малку заврши работниот состанок на кој утврдивме дека исклучоците од ограничувањето на движењето ќе важи за вработените во армијата и полицијата, потоа за одредена група вработени во здравството, контролата на летање во МНАВ, Основното јавно обвинителство, дистрибутерите на стока и храна, вработените во обезбедување и вработените во телевизиските куќи. Секако, доколку постои потреба од итност листата на субјекти чии вработени исклучени од наредбата може да се надополни, по претходна согласност од страна на МИОА.

Дозволата за движење во наведениот период ќе ја издава Министерството за информатичко општество и администрација во пишана и електронска форма и чија веродостојно ќе се потврдува преку баркод. Напоменувам дека оваа потврда е задолжителна и за останатите категории кои беа опфатени со одлуката на владата, а кои се дел од исклучокот за ограничување на движењето, односно интервентните екипи во ЕВН, телекомуникациските оператори, Водовод и јавните комунални претпријатија. Очекувам очекувам овој систем за издавање на електронски и печатени дозволи да профункционира најдоцна во текот на утрешниот ден“, изјави министерот Чулев.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски