ВИДЕО: Човек се обидува да скокне од зграда кај Плоштад Скендербег, интервенираат противпожарни екипи

Од:

Речиси еден час противпожарни екипи интервенираат за да спречат средновечен човек да си го одземе животот, кој сака да скокне од една од зградите кај Плоштадот Скендербег во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.


Поставен бил заштитен душек, односно душек за спасување во случај човекот да се реши да скокне од зградата.

Тој, според нашите информации, одозгора фрлал со  шипки и со флаши, па го дупнал душекот за спасување на противпожарните екипи.

Од противпожарните екипи разговараат со човекот кој се обидува да се самоубие, а наводно причините биле семејни недоразбирања.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар