ВИДЕО: Четворица уапсени во македонско-албанска акција, криумчареле 324 килограми кокаин

Од:

Во заедничка акција на македонското Обвинитлество и полицијата со Спецјалното обвининетлство и Одделот за организиран криминал на Албанија вчера се уапсени четворица осомничени за набавка и трговја до дрога. Еден од осоминчените во обид да и иизбега на полицијата се здобил со повреди и се наоѓа во болница. Останатите ќе бидет изведени пред судија на претходна постапка. За сите се бара притвор.

​- Во текот на месец јуни 2021 година осомничените, заедно со неправосилно осудениот македонски државјанин како повеќе лица, неовластено заради продажба набавиле наркотична дрога – кокаин од НН лица од Р.Албанија во вкупна количина од 324,400 килограми, со намера истата да ја пренесат до Р.Италија. Откако претходно се договориле, осомничените на 16.06.2021 година поединечно на различни гранични премини оствариле излез од РСМ и се сретнале и преземале активности на територијата на Драч, Р.Албанија. Притоа на непозната локација во Р.Албанија, НН лица-албански државјани и првоосомничениот во просторот кај резервоарите со нафта на ТМВ ˶Даф˝ сместиле 300 пакувања наркотична дрога – кокаин со тежина од 324,400 килограми. Па, откако вечерта осомничените и неправосилно осудениот оствариле заедничка средба, неправосилно осудениот со ТМВ марка ˶Даф˝ се упатил кон пристаништето во Драч со цел наркотичната дрога – кокаин да ја пренесе во Р.Италија. Тројца од осомничените заедно, на 18.06.2021 година еден час по полноќ, на граничен премин Кукс/Морина оствариле влез од Р.Албанија во Р.Косово со ПМВ марка Мерцедес, а на ГП Блаце првоосомничениот влегол како пешак во РСМ, а другите двајца осомничени со ПМВ марка Мерцедес како возач и сопатник. Второсомничениот во исто време со ПМВ марка марка ˶Голф˝ со бугарски регистарски ознаки влегол во државава преку ГП Свети Наум. Истиот ден напладне, на пристаништето во Драч, Р.Албанија при скенирање на ТМВ марка ˶Даф˝ од страна на службени лица од Царинската управа на Р.Албанија биле откриени сокриените пакувања на наркотична дрога кокаин и неправосилно осудениот е лишен од слобода и му била определена мерка притвор и истиот е неправосилно осуден од тамошниот суд на казна затвор во траење од 8 години, се наведува во соопшштението од Јавното обвинителство за случајот.

Би можело да ве интересира

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

20-годишник од прилепско загина во тешка сообраќајна несреќа

Измамен тетовец, платил 21 илјада евра за роба која не ја добил

Катерина Ѓуровски

Му зел 800 евра, го излажал дека ќе му пренесе автомобил од странство

Затруен од наркотици, кавадарчанец пронајден во бессознание во двор