(ВИДЕО) Чавков: Спречен терористички напад во Македонија

Од:

Министерството за внатрешни работи спречи терористички напад во Македонија, соопшти директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Тој кажа дека се работи за две лица на возраст од 23 и 24 години од Скопје за кои се преземаат мерки за лишување од слобода.

Двете лица се сомничат дека планирале терористички напади и за поврзаност со повратници од ИСИС. Акцијата е дел од регионална антитерористичка операција во која учествуваа македонските, албанските и косовските служби, додаде директорот на БЈБ.

– По претходно издадени наредби, извршени се два претреса од кои едниот во Скопје, а другиот во село Арачиново, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони со сим картички, фотоапарати со микро картички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, компјутерки куќишта, таблет, УСБ и разна документација, рече Чавков.

За време на претресите е уапсено 24 годишното лице од Арачиново, а второто лице не е пронајдено и за него МВР има сознанија дека се наоѓа во Косово.

– Против лицето кое е пронајдено е поднесена кривична пријава за постоење основи на сомнение за кривично дело „тероризам“ по член 394-б од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, рече Чавков.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он