(ВИДЕО) Чавков: Пресечен меѓународен канал за трговија со марихуана

Од:

Бирото за јавна безбедност пресече меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана со потекло од Албанија, која преку Македонија требала да биде транспортирана до Труција. При акцијата, запленета е марихуана во вкупна тежина од 108 килограми и 522 грана, чија цена на нарко пазарот би достигнала до милион евра, рече директорот на БЈБ, Митко Чавков. Тој истакна дека првопријавениот бил во конекција со Чаушот, кој е осуден за случајот „Лажни лични карти“.

– На 8-ми месецов по претходно спроведена истрага од слобода се лишени 4 лица, против кои е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекуросри“, а додека пак против првопријавениот и кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. Од страна на судија на претходна постапка на сите им е одредена мерка притвор од 30 дена, истакна Чавков.

Директорот на БЈБ кажа дека првопријавениот, 45 годишен Македонец заедно со косовскиот и албанскиот државјанин ја набавиле марихуаната од Албанија и ја внеле во Македонија преку Косово, па ја префрлиле во домот на првопријавениот во Скопје.

– При претресот, во автомобилот на првопријавениот се пронајдени 11 патни торби со 210 пакови во кои била наркотичната дрога, 6 телефони, држачи за СИМ картички, 20 евра и други предмети, а во неговиот дом се пронајдени рамка со 19 куршуми за автоматска пушка, куршуми за пиштол и црни патни торби исти како торбите во кои била сместена марихуаната, соопшти Чавков.

Тој нагласи дека БЈБ има реализирано повеќе случаи при што се пријавени 55 лица, а одземени се 225 килограми марихуана, масло од хашиш и семки од марихуана.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно