ВИДЕО: Централен Штаб на внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Денеска во Скопје се одржа состанок на Централниот Штаб на Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ во присуство на активисти од Републичкиот штаб, 19 Окружни и сите Општински штабови низ Република Македонија. На истиот се разгледа реализацијата на планот за работа за 2017 година и актуелната состојба со закажаниот вонреден Конгрес на партијата.

Централниот штаб полноважно работеше и одлучуваше во присуство на 245 од поканетите 250 активисти на ВМРО-ДПМНЕ. Со значително мнозинство од присутните, донесени се следните заклучоци:

 Внатрепартиската Иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ во голем дел ги исполни зацртаните активности, согласно Планот за работа за 2017 година.

 Внатрепартиската Иницијатива беше започната со цел темелна имплементација на принципите и вредностите за демократизација, модернизација, европеизација и обединување на ВМРО преку ВМРО-ДПМНЕ. Во таа смисла Иницијативата ќе продолжи со активностите сè до конечна реализација на целите.

 Во поглед на закажаниот вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, Централниот штаб ги реафирмира принципите и вредностите наведени во Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и Декларацијата “Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија” пред личностите и борбата за преземање на обврската да се управува партијата. Од тие причини, нема да предложиме кандидат за претседател на овој Конгрес.

 Начинот на кој се повика и брзината со кој се организира овој вонреден Конгрес, за жал може да биде причина за негово повторување во блиска иднина.

 Искрено им благодариме на 208те делегати кои дадоа поддршка на идејата за учество на Внатрепартиската Иницијатива на овој Конгрес. Повикуваме нивната одлука за учество на Конгресот и евентуалната поддршка на некој од предложените кандидати за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, да ја изразува нивната слободна волја и убедување од една страна, но особено да ги имаат во предвид принципите и заложбите на внатрепартиската иницијатива и барањето за демократизација на Статутот на партијата, се вели во соопштението од внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски