(ВИДЕО) Центар ќе ја прекине градбата на „Брилијант“ поради констатирани отстапки

Од:

Овластен градежен инспекорат на ОЦ при редовна инспекција на објектот на Брилјант Штип, спроти Клубот на пратенини, констатираше мали отстапки од проектот.

Како што велат надлежните од Општина Центар по мерењето е констатирано дека еркерите се поголеми од проектот, затоа што столбовите се повлечени внатре. Габаритот е ист со проектната документација.

Инспекторатот ќе изготви соодветни упатни акти, односно решение за прекинување на градбата се до усогласување со проектната документација. Инвеститорот како што е констатирано ја има целокупната потребна документација.

Објектот е станбен објект, а на територијата на општина Центар во моментов има 78 градби. Веднаш по овој станбен објект, инспекцијата се упати во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек