(ВИДЕО) Царовска: Во услови на пандемија се трудевме да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование

Од:

Во сите наши постапки и одлуки се водевме од општиот, државниот интерес и правата и интересите на учениците, но и наставниот кадар. Најмногу во овие вонредни услови се трудевме да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование. Важно беше веднаш да креираме најдобар можен систем за одржување настава, но во исто време да обезбедиме заштита на личното, но и јавното здравје и да ги поставиме основите на суштинските промени кои следат., рече на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада министерката за образование и наука Мила Царовска.

Таа нагласи дека успеале да воспостават успешен модел и да започнат со реформски процеси во оваа кратка временска рамка.

– Предизвици секогаш постојат, но цврсто сме решени да креираме нов вид на образовни политики кои ќе го дизајнираат и променат нашето образование на среден и долг рок, рече Царовска.

На денешната прес-конференција Царовска информираше за постигнати резултати во пет области, од кои првата е пристап до навремено, достапно, квалитетно образование за секое дете во услови на пандемија.

– Со комбинираниот модел на настава – онлајн следење, со физичко присуство и со емитување на 15 минутни часови на македонски и албански обезбедивме стабилност на образовниот процес и успешно се заврши оценувањето на првото тромесечие и скоро сме при крај на првото полугодие на оваа учебна година. Успеавме да го спречиме ширењето на вирусот во училиштата. Имаме помалку од еден процент заразени ученици и наставници. Истовремено учениците и наставниците се постојано дел од наставата, односно над 90 посто од учениците успешно следат онлајн настава, образложи Царовска.

Нагласи дека обезбедиле 36 национални обучувачи од наставниот кадар кои обучиле дополнителни 1600 наставници кои се номинирани за училишни обучувачи во сите училишта во земјата, и тие понатаму се поддршка за секој наставник во поедничено училиште за реализација на наставата.

Под посебни протколи за заштита, додаде, ги отвориле и студентските и училишните домови со што обезбедиле поддршка на младите кои се вклучени со физичко присуство во настава.

– Во ова време на пандемија обезбедивме и два проценти плус за блок дотации кон средните у основните училишта и со ова обезбедивме дополнителни 122 милини денари и тоа за континуитет на платите на наставниот кадар, исплата на прекувремените работни часови на наставниците, како и хигиенски средства и дел од опремата за онлајн настава, посочи Царовска.

Во изминатиот период, истакна, силно работеле и на дигитализација на образованието. Освен воведувањето оналјн учење веќе ги дигитализирале услугите за аплицирање за стипендии, ученички и студентски, но и нострификација на дипломите и сведителствата. На овој начин, како што посочи, освен што го штитиме здравјето на студентите и учениците на долг рок го олеснуваме пристапот на услугите кои ги нуди МОН, но и спречуваме можна корупција.

– За да завршиме успешна учебна година во време на пандемија таа мора да се заокружи и со полагање на државна матура. Заедно со средношколците и матурантите се согласивме дека заокружувањето на средното образование не е целосно без полагање државна матура и од идната година концепцијата на државна матура треба да се менува. Во тек се сите подготовки за успешно, безбедно реализирање на испитите кои ќе се одржат по скратени и поедноставени програми и прашања. Матурантите и наставниците се информирани за овој процес и заеднички ќе организираме за успешно полагање. За првпат ја проширивме листата на екстерни предмети за гимназиско образование, нагласи Царовска.

Посочи дека забрзано работате во изминатите 100 дена на реформите во образованието.

– Целосно се посветивме на процесите за темелни интегрирани коцнептуални промени на образовниот процес во основните и средни училишта. Градиме инклузивно образование достапно за сите. Се обезбедија за првпат од буџетот на државата 54 милиони денари за да се поддржат образовните асистенти во училиштата. Концепцијата за осовно образование е во завршна фаза на изработка и многу скоро ќе биде презентирана пред нашата јавност, рече Царовска.

Таа нагласи дека развиваат целосно нова концепција за основно образование врз основа од направената компаративна анализа на резултатите од ПИСА и ПИРЛС и домашни анализи. Додаде дека Подготвуваат три регионални центри за средно стручно образование во Куманово, Тетово и Охрид.

Посочи дека доделиле 34 иновациски ваучери на високо образовни установи со вкупна вредност од 15 милиони евра и нагласи дека Министерството финансиски поддржува само проектикои се пристапни или стануваат пристапни.

Царовска кажа и дека вовеле стипендии за ученици од струки барани на пазарот на труд, како и дека го зголемиле бројот на стипендии за ученици Роми, за ученици од социјално ранливи семејства и за деца со попреченост.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови