(ВИДЕО) Царовска со социјални работници: Отвораме нови вработувања, ќе создадеме стабилна социјална заштита!

Од:

Пред формирањето на новатa Влада претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска се сретна со социјални работници со оглед дека во Програмата на новата реформска Влада социјаната заштита на граѓаните е еден од врвните приоритети.

Заеднички е констаирано дека е неопходно да се создадат услови за функционирање на социјалните работници преку промени во системот на социјална заштита.

– Сметаме дека е важно да се консултираме со вас и очекуваме од вас будно да ги следите политиките коишто ќе ги имплементира Министерството за труд и социјална политика, да бидете коректор, но и партнер во имплементацијата на сите политики коишто се однесуваат на социјалните работници, повика Царовска.

Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, најави дека новата Влада во социјалните политки се води по успешни европски модели, а како пример беше посочено воведувањето семеен социјален работник кој ќе им помага на семејствата и граѓаните во справувањето со проблеми коишто не можат самите да ги решат. Тоа се различни партнерски односи, конфликти и комуникација со деца, развојни проблеми кај децата, недоразбирања со семејствата и заедницата, ќе имаат помош од државата.

– Една од клучните мерки што веднаш ќе ги спроведе новата Влада е мерката семеен социјален работник. Изминативе години се направи обид да се пилотира ваков проект, но тоа не се направи системски, не постоеше никаков протокол на соработка помеѓу Владата и центрите за социјална работа. Ќе креираме социјален работник кој ќе биде вистински активен на терен. Toј самиот ќе има право да интервенира во системот семејство, рече Царовска.

Социјалните работнички ги лоцираа проблемите со коишто се соочуваат во својата работа. Беше потенцирано дека во Македонија се уште постојат центри без социјални работници, што е недозволиво.

Затоа неопходно е да се овозможат сите потребни услови од сите институции за брзо формирање на новата Влада, затоа што постои добра клима за соработка, консултација и комуникација на сите засегнати страни, со цел да се отпочнат промените во социјалните политики. Тие ќе придонесат кон создавање стабилен систем на социјална зашитита и квалитетни услови за работа на социјалните работнции во Македонија.

Би можело да ве интересира

Дојчиновски: Време е институциите да постапат по сомнежите за злоупотреби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да зборува за земјоделието

СДСМ: Намалени субвенции, ниски откупни цени – Мицкоски ги излажа земјоделците

Со денови граѓаните немаат пристап до „Мој ДДВ“, реагира СДСМ

A1on

СДСМ: Додека Мицкоски го штити Трипуновски, има криза и со откупот на млекото

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило