(ВИДЕО) Царовска: Нашата држава по Устав е социјална и ви ветуваме, ќе се грижи за секој!

Од:

„Погледнете позади мене –живеат луѓе во импровизирани живеалишта од кеси и од картони. Застанав овде за да им ветам на овие граѓани дека секој кој живее овде на овој студ во импровизирано живеалиште на улица или под мост дека ќе добие соодветно или топло сместување.

Пред вас, кои што ја следите оваа изјава од сопствените домови се обврзувам дека нашата држава, е по Устав социјална, и таа ќе се грижи за сите граѓани.

Освен што ќе воведеме програма за извлекување од сиромаштија или секое домаќинство кое што живее во сиромаштија и кое што нема друг прихот ќе добие 12.000 денари.

Дополнително, воведуваме услуги за социјална заштита, којшто ќе бидат заштита или превенција од длабока сиромаштија и од наталожување од социјални ризици кај овие граѓани.

Семеен социјален работник близок до граѓаните ќе работи на превенција и интервенција, директно во семејниот систем кај оваа група на граѓани, тој ќе биде тука и заедно со нив, заедно со државните институции ќе ги решава социјалните ризици и ќе ги надминува социјалните проблеми со овие граѓани.

Заедно пак со општините, со бизнис секторот и со граѓанскиот сектор ќе отвориме локални социјални услуги за превенција, заштита и поддршка на граѓаните којшто живеат во сиромаштија или социјален ризик. Тука ќе ги опфатиме центрите за лица со попреченост, центрите за заштита од родово базирано насилство, центри за поддршка на самохрани мајки кои имаат потреба од поддршка во развој на сопствените деца.

Ќе создадеме систем којшто ќе ја намали зависноста на граѓаните од волјата на поединци во државните институции и ќе создадеме систем на социјална заштита којшто ќе обезбеди достоинствен живот на граѓаните кои во овој момент живеат во сиромаштија“, изјави Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар