(ВИДЕО) Царовска: Да престане одолговлекувањето на политичката криза што во моментов ја креира Иванов

Од:

„Политиките за социјална заштита коишто треба да обезбедат сигурност на граѓаните и семејствата ќе ги вклучуваат сите, а не само граѓаните со ниски примања.

Граѓаните имаат право на економска безбедност. Но имаат право и да добиваат услуги што ќе им го олеснат секојдневното живеење.

Тоа го овозможува Програмата на новата реформска Влада на граѓаните. Ќе воведеме Програма за извлекување од сиромаштија, или секое четиричлено семејство коешто нема други приходи и живее во сиромаштија ќе добие 12.000 денари. Токму со оваа мерка ќе обезбедиме граѓаните да си ги дозволат основните потреби.

Но ќе обезбедиме и други социјални услуги коишто ќе одговорат и на другите социјални проблеми на граѓаните.
Првото ниво е семеен социјален работник кој што ќе работи на превенција и интервенција во семејството и локалната заедница.

Бројот на опфатени семејства и поединци од страна на секој социјален работник ќе бидат утврдени со норматив и стандард што ќе обезбеди конечно за прв пат да гарантираме квалитет на социјалната работа во Македонија, како за граѓаните, така и за стручните работници коишто ја нудат социјалната заштита.

Социјалните услуги ќе бидат блиски до граѓаните. Заедно со граѓанскиот сектор, бизнис секторот и општините ќе обезбедиме центри за поддршка и грижа за стари лица, центри за нега, грижа, вклученост, учество и внимание на лица со попреченост, превенција и заштита од родово базирано насилство и низа други социјални услуги на локално ниво коишто им се јавуваат како потреба на граѓаните коишто се во социјален ризик.

Конечно, ќе креираме систем којшто ќе се базира на потребите на граѓаните наспроти досегашниот базиран на волјата на поединци во институциите.

Македонија е социјална држава по Устав. За нас секој граѓанин е важен и сите граѓани се важни. Затоа, за да може да се реализира Програмата на новата реформска Влада, потребно е да престане одолговлекувањето на политичката криза којашто во моментов ја креира Ѓорге Иванов.

Бараме Иванов веднаш да му го додели мандатот за состав на новата Влада на претседателот Заев, за да може граѓаните конечно да ја почувствуваат промената и да добијат социјална заштита каква што заслужуваат“, изјави Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда