ВИДЕО: Царот посакал атрактивни парцели и широки панорами од лизгав рид на Водно

Од:

Шест нови маркички се вцртани во зеленилото на ридот над улица „Питу Гули“ со последните измени во ДУП-от во јули минатата година. При тоа дозволената висина на објектите кои би се подигнале би била до 10,7 метри, односно приземје, два ката, плус поткровје. Планот претходно дозволуваше висина од 10,2 метри, а намената беше Д3, односно површина наменета за зеленило и рекреација.

Според разговорот што го објави опозицијата, парцелите се најверојатно купени по цена од околу 400 евра, барем гласот вели дека за толку има намера да ги купи, и при тоа додава дека цената е „џабарлак“. Граѓаните кои имаат имот во близина велат дека е тоа многу евтино. Земјиштето, велат, вреди дупло, или најмалку 800 евра.

Проблем е што е лизгаво земјиште и што е подложно на свлечишта. Поради нестабилноста гласот на снимката предлага околу ридот да се подигне потпорен ѕид од 6-7 метри кој ќе ги оддели новите објекти од веќе изградените.

НГ: Едно 6-7 метри дигаш потпорен ѕид и они одоздола гледаат у ѕидот.

МЈ: Така.

НГ: А го израмнуваш горе ти, така?

МЈ: Да, да, да.

НГ: Подигањето, и се израмнува.

Граѓаните во близина стравуваат дека оваа градежна експанзија може да нанесе штета на нивните домови.

– Ова површина е богата со подземни води, само во соседството имаме неколку бунари. Земјиштето се лизга и потребни се големи инвестиции кога се гради објект. Оние што подигаат тоа го прават со многу бетон, железо и дебели арматури. Само за оградата кај нас потпорниот ѕид оди во земја едно метро. Не е безбедно да се гради тука. Постои опасност дека земјата ќе се излизга. Пукнатите што се на мојот тротоар, се тоа е од лизгање – вели граѓанин кој живее во близина на ридот.

– Пред неколку години видов како го меркаат ридот. Едно утро два џипа се паркираа на улицава и ги видов кога излегоа неколку политичари и бизнисмени, како ги меркаа плацевите и ги премеруваат со геодети – велат соговорниците.

vodnoParceli1

Со последните измени новите шест маркички добиле намена А1, односно семејно домување во станбени куќи. Планирано е до овие парцели да се изгради улица, која во моментов не постои како, продолжение на еден крак од улица „Питу Гули“. Измените беа донесени паралелно со скандалите кои го тресеа Советот на Општина Центар, откако претседавачот, Мирослав Шиповиќ, од редовите на СДСМ, беше ослободен од притвор и кога се појавија тврдења дека врз него бил вршен притисок да гласа во корист на измените.

Фирмата „Ексико“ поседува две парцели на ридот од кои едната е голема 3.880 м2, а другата 634 метри квадратни. Фирмата „Кара“ е сопственик исто така на две парцели, едната 732 метри квадратни, а другата 875м2. Како сопственик на една парцела на ридот, во површина од 976 м2, се јавува и фирмата „Манд Интернационал“. Останатите се или во сопственост на приватни субјекти, или во државна сопственост.

Втората локација која што е предмет на снимениот разговор, се наоѓа на улицата „Тодорв Александров“, во близина на комплесот „Панорама резиденс“. Овој хотелски комплекс беше централно место при промената на ДУП-от, од причина што беше зголемена висината на хотелот од четири на десет ката. Подоцна се испостави дека хотелот е во сопственост на фирмата „Архи ДОО“, која се поврзува со офшор компанија во Белизе.

Двете парцели со вкупна површина од 11.000 метри квадратни, кои се спомнуваат во разговорот, се во зелената површина во близина. Вцртаени се две маркички со намена за семејно домување во станбени куќи, со можност за изградба на приземје, два ката и поткровје и со висина од 10,2 метри. Планирано е до парцелите да се изгради улица која во моментов не постои.

Како сопственик на овие парцели со вкупна површина од 11.265м2 се јавува фирмата „Сирах Инженеринг“. Како што објави опозицијата основач и 100 процентен сопственик на оваа фирма е фирмата „Сирах Лимитед“ од Белизе, уште една оф шор компанија.

– Управител на таа фирма е кумот на Груевски од првиот брак, Ристо Новачевски, чија сестра била и најверојатно сеуште работи во кабинетот на Никола Груевски, а самиот Новачевски бил и сеуште е носител на повеќе јавни функции – изјави вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

vodnoParceli12

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски