ВИДЕО: Царина заплени српски автобус со „бункер“ за шверц

Од:

На граничниот премин Табановце за излез од земјава, македоската Царина заплени автобус кој возел редовна линија Скопје – Белград во кој бил откриен специјален „бункер“ за криење на стоки. Автобусот е запленет, информира Царинската управа.

„Од страна на царинските инспектори од одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, автобусот бил селектиран за детална контрола, при што увидени се прегради во делот на креветот за возачите каде бил направен отвор од каде може да се пристапи до тешко пристапни делови кај задниот дел од автобусот.

Отворот бил затворен со метална преграда, а врз тоа била ставена дрвена плоча со тапацир, што претставува специјално адаптиран простор – бункер, со цел криумчарење на стока.

Согласно член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон, автобусот, предмет на прекршок, е привремено одземен, а против возачот е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд“, се вели во соопштението на Царинската управа.

Би можело да ве интересира

Возат Тесла и БМВ со странски таблици без да ги царинат: Запленети 22 луксузни автомобили

Катерина Ѓуровски

Обид за шверц на апарати за коцкање преку царинската испостава Гевгелија

Спречен шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони и зачини

А1он

Србин уапсен на Табановце, шверцувал папагали

Женски чанти и куфери запленети на Меџитлија

Катерина Ѓуровски

Запленети 18 илјади, патници се обиделе нелегално да ги пренесат преку граница