А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Бужаровска: Никола да си оди од стиропорната палата, ама прво да си ги плати сметките

by А1он19/05/2015 - 20:4420/05/2015 - 10:01358
Share0

Имам многу пријатели што заминаа на различни страни во светот и тие секојдневно ме ме прашуваат зошто останувам во Македонија, во оваа трула држава, а јас им одговарам дека не си одам од Македонија бидејќи сум горда на прекрасните критички настроени луѓе околу мене, кои во последните месеци се разбудија и бидејќи сум горда на преродбата што ни се случува, вака Румена Бужаровска, професорка на УКИМ го започна своето обраќање во кампот на Граѓаните за Македонија пред Владата.

Добивај вести на вибер

Таа нагласи дека е горда на македонските студенти кои ја почнаа преродбата и им ги отворија очите на многу луѓ за неправдите што се случуваат секојдневно.

– Горда сум и на активистите борци за граѓански права кои со години протестираат и покрај сите тортури одкои некои се и и физички. Горда сум на жените што не дозволија женското тело да биде инкубатор на овој режим, што застанаа како жив штит да ги бранат полицајците од хулиганите. Горда сум на новинарите што многу претрпеа сите овие години а сепак продолжија да работат професионално, горда сум и на нашите уметници што во вакви услови создаваат дела што ќе бидат запаметени во нашата култура. Горда сум и на интелектуалците, што конечно некои од нив излегоа од своите комфорни зони.

А најмногу од се’ ме гордее тоа што покажавме зрелост и ги надминавме религиозните и етничките бариери што ни беа вештачки поставени.

Фала, Никола што ни овозможи да доживееме ренесанса – парадоксално, во најголемиот режимски мрак што сме го доживеале. Ваква сплотеност не сме имале досега.

Јас не си одам од Македонија, Никола треба да си оди, ама прво да си ги измири сметките со нас, нека си одат од оваа стиропорна палата што изгледа како инфатилен сон на некој што не излегол подалеку од својот двор.

Нека си одат и нека не’ остават да живееме убаво, затоа што Македонија доживува преродба во овој момент, рече Бужаровска.

protest

Би можело да ве интересира

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Горан Наумовски14/12/2025 - 18:47

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Предраг Петровиќ29/11/2025 - 13:43

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

Горан Наумовски29/10/2025 - 12:53

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Горан Наумовски18/10/2025 - 20:56

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Горан Наумовски25/09/2025 - 19:02

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

Горан Наумовски20/09/2025 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен