Булеварот „Климент Охриски“ што води од Влада кон Министерство за образование беше претесен за илјадниците студенти и средношколците кои извикуваа „Зедно сме посилни“, Нема правда нема мир“.
На едната лента одеше колоната студенти, додека на другата одеа илјадниците средношколци, по пат им се придружуваа и родители и граѓани.
Од балконите на околните згради луѓето ги поздравуваа со „Браво деца!“
Студентите денеска, точно напладне се собраа на платото пред УКИМ и се упатија кон Влада за да ги поддржат своите помлади колеги.
А.Б.