ВИДЕО: Бујар Османи го повика Изет Меџити да си поднесе оставка

Од:

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, денес упати остри критики кон актуелниот министер за животна средина, Изет Меџити. Тој го обвини дека ја злоупотребува својата позиција и државните ресурси за лична изборна кампања, а истовремено со својата неактивност го загрозува здравјето на граѓаните. Османи директно го повика Меџити да поднесе оставка.

„Двапати размислував дали денеска да зборувам политички, но не можам да молчам. Според мене, Меџити требаше веднаш да се повлече од функцијата кога се кандидираше, за да се обезбеди фер натпревар. Наместо тоа, тој остана министер со целосен буџет и овластувања, што е неморално и нефер. Го користи министерството за своја кампања во Чаир“, рече Османи.

Тој нагласи дека постои уште поважна причина за оставка: неспособноста на Меџити да реагира при еколошки и здравствени кризи, како вчерашната ситуација во Трубарево, кога целиот град беше обвиткан во токсичен чад од горење пластика и кабли.

„Отсуството на реакција и обидот да се извлече политички профит директно ја загрозува јавната здравствена безбедност, со долгорочни последици“, додаде Османи.

Тој посочи дека додека граѓаните очекуваа инструкции и информации од Министерството за животна средина, Меџити не се појавил ниту пред јавноста, ниту на терен, а граѓаните морале да се евакуираат доцна навечер, задушени од чадот.

„Затоа ова е и јасен повик за оставка. Тој не ја врши својата работа како што треба, го загрозува здравјето на луѓето и истовремено ги користи државните ресурси за лична кампања“, заклучи Османи.

На прашањето зошто се појавил дури по полноќ и без медиуми, министерот Меџити изјави дека цело време бил во контакт со министерот за внатрешни работи, иако неговото министерство не е дел од Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Меџити: Дали Османи и Ахмети ќе продолжат да стојат пред ВМРО-ДПМНЕ за да прават влада со „албанофобот“ Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Меџити: Чаир ќе добие подземни контејнери и 3.000 нови паркинг места

А1он

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите