(ВИДЕО) Бркотница на автопат: Полицијата фати криумчар на мигранти

Од:

Криумичар на мигранти е уапсен вчера попладне во Куманово откако полицијата го бркала на автопатот Е-75. Тој не застанал на знак за запирање и почал да бега. Кога го фатиле, полицијаците нашле пет мигранти од Сирија во возилото.

– На 27.08.2023 во 17.50 часот во Куманово на место викано „Света Мина“ од полициски службеници од Mобилната единица при Одделот за гранични работи и миграции е лишен од слобода М.А. (28) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти. Тој управувајќи возило „ауди“ на автопатот Е-75 не застанал на даден знак за запирање на возилото од полициските службеници и се дал во бегство, но набргу, по преземени мерки и активности, бил сопрен и лишен од слобода. Во возилото биле пронајдени пет лица мигранти од Сирија. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се вели во известувањето од МВР.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва