(ВИДЕО) Брет: Да се создадат услови опозицијата да се врати во Парламентот

Од:

Очекуваме дека двете страни ќе тргнат од реална платформа, не само да разменат максималистички позиции и ќе се обидат да создадат услови што ќе овозможат опозицијата да се врати во Парламентот бидејќи парламент без опозиција е нецелосен, вели амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет во интервју на Радио Слободна Европа.

Амбасадорот Брет иако не гледа негативно на резултатите од договорот од 1 март, се согласува дека дел од договореното не се исполни.

-Се согласувам дека не е сè исполнето, но барем се постигна опозицијата да се врати и беa донесени одредени заеднички одлуки, но се согласувам дека политичкиот процес е секогаш со „обиди и грешки“ и сите инволвирани актери мора да научат дека сè уште треба да се развива демократска култура – вели Брет.

Во врска со партизирањето на државата амбасадорот Берт смета дека коренот е во менталитетот на победници и поразени.

-Тенденцијата е победниците, оние кои освоиле мнозинство ја преземаат целосната моќ и преземаат силна контрола. Решението би било во тоа да се развие култура на поголема вклученост на опозицијата, поголема вклученост на одлуките и поголема вклученост на правата на опозицијата- вели тој

Амбасадорот Берт смета дека Македонија е поблиску до НАТО отколку до ЕУ.

-Што се однесува на НАТО, морам да кажам дека земјата е многу блиску до членство и потребно е само еден проблем да се реши. Мислам дека досега многу е направено. Слушам од колегите од НАТО дека хармонизацијата во делот на командната структура и армискиот систем се унапредува. Што се однесува на ЕУ, патот се разбира е многу подолг, но постои препорака од ЕК за отпочнување преговори во пет наврати. Така што многу е направено, но исто така постои истиот проблем околу спорот за името и неколку други – вели амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет во интервју за Радио Слободна Еропа.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада