(ВИДЕО) Божиновска: Заврши реконструкцијата на улицата Боца Иванова

Од:

„Општина Бутел заедно со градот Скопје, предводени од СДСМ континуирано работат на реализација на бројни инфраструктурни проекти, односно во изградба и реконструкција на улици кои од претходната власт беа целосно занемарени.

Завршена е реконструкцијата на улицата „Боца Иванова“, на потегот од кружниот тек до улицата „Лазар Трповски“ во вкупна должина од 800 метри.

Оваа улица, заедно со улицата „Лазар Трповски“, чијашто реконструкција ќе биде исто така започната во периодот што претстои, се исклучително фреквентни улици и се од големо значење за нормалното функционирање на жителите од општина Бутел“, рече Лилјана Божиновска, советничка во Советот на општина Бутел.

„Претходно беше реконструирана дел од улицата „Александар Урдаревски“, а во тек е изградбата на втората фаза од булеварот „Босна и Херцеговина“.

Како на локално, така и на централно ниво, СДСМ продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура, со што обезбедуваме посигурен и побезбеден сообраќај.

Градиме по план и инвестираме во иднината на нашите сограѓани., Работиме уште повеќе за да биде уште подобро“, изјави Лилјана Божиновска, советничка во Советот на општина Бутел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага