(ВИДЕО) Божинов: Наместо да им помага, полицијата ги напаѓа сексуалните работници

Од:

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје искажува голема загриженост за безбедноста и условите во кои тие секојдневно живеат и работат.

Резултатите од извештајот од спроведеното регионално истражување кое се има спроведено и во Македонија покажуваат дека кај нас минатите искуства со полициското непостапување и малтретирање сериозно влијалело на одлуката сексуалните работници да не го пријавуваат малтретирањето со што се создаваат услови истото да биде повторувано во континуитет.

– Во последните неколку години најлошите и најраспространети насилства врз сексуалните работници доаѓаат пропагнадите поврзани со трговијата со луѓе, пропаганда која предизвикува страв и кај сексуалните работници. Ние цврсто веруваме дека доброволната и волонтерска сексуална работа нема никаква поврзаност со трговијата на луѓе, вели Борче Божинов од СТАР-СТАР.

Во име на иницијативата, Борче Божинов испрати неколку препораки до политичарите, односно менување на законот со цел сексуалните работници да имаат поголема безбедност.

– Непостоењето на закон кој ќе ги заштити сексуланите работници во рм уште ги поттикнува насилниците за вршење на насилството. Поради тоа клиентите насилно и бесплатно ги земаат услугите, тоа е исто како да земеш чоколадо од маркет и да не го платиш, вели Божинов.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Марш на црвените чадори: Потребно итно донесување нови правни рамки за регулација на сексуалната работа

Ана Ололовска

Со измените на Кривичниот законик ќе бидат опфатени и сексуалните работници

Под мотото „Црвениот фустан добро ми прилега“ одбележан Меѓународниот ден на сексуалните работници

Холандија се враќа во нормала, сексуалните работници продолжуваат со дејноста

Жарко Настоски

ВИДЕО: Девојките од излозите го „запалија“ Скопје, три часа со еротски танц ја држеа публиката пред Универзална

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Скопјани на колена пред разголените танчерки

Маја Илиевска-Пачемска