Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје искажува голема загриженост за безбедноста и условите во кои тие секојдневно живеат и работат.
Резултатите од извештајот од спроведеното регионално истражување кое се има спроведено и во Македонија покажуваат дека кај нас минатите искуства со полициското непостапување и малтретирање сериозно влијалело на одлуката сексуалните работници да не го пријавуваат малтретирањето со што се создаваат услови истото да биде повторувано во континуитет.
– Во последните неколку години најлошите и најраспространети насилства врз сексуалните работници доаѓаат пропагнадите поврзани со трговијата со луѓе, пропаганда која предизвикува страв и кај сексуалните работници. Ние цврсто веруваме дека доброволната и волонтерска сексуална работа нема никаква поврзаност со трговијата на луѓе, вели Борче Божинов од СТАР-СТАР.
Во име на иницијативата, Борче Божинов испрати неколку препораки до политичарите, односно менување на законот со цел сексуалните работници да имаат поголема безбедност.
– Непостоењето на закон кој ќе ги заштити сексуланите работници во рм уште ги поттикнува насилниците за вршење на насилството. Поради тоа клиентите насилно и бесплатно ги земаат услугите, тоа е исто како да земеш чоколадо од маркет и да не го платиш, вели Божинов.
Александар Тодески