(ВИДЕО) Божиноски: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп бегаат од седниците, а редовно се потпишуваат за хонорарот

Од:

Валентин Божиноски од СДСМ Прилеп денеска на прес-конференција изјави дека бојкотот, деструкцијата и делувањето спротивно на интересите на граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ го спроведува во Советот на Општина Прилеп, се потврда за безидејноста и очајот во кој што се длабоко заглавени.

– Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во работата на Советот на Општина Прилеп, а бесрамно го земат советничкиот хонорар од околу 15 илјади денари. Исто како и на пратениците од нивната партија, на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не им се важни интересите и потребите на граѓаните што ги претставуваат, туку единствено се грижат за сопствените џебови. Побегнаа од седницата на Совет кога се обезбедуваше објект за стотина деца од Прилеп кои боледуваат од церебрална парализа! Не гласаа и немаа слух за потребите на овие деца и нивните намачени родители. Побегнаа и вчера, кога Советот на Општина Прилеп донесе одлука за воведување бесплатен градски превоз за пензионерите. Не ги почитуваат ниту пензионерите, ниту нивните потреби, рече Божиноски.

Тој додаде дека пред да побегнат од седниците, советниците на ВМРО-ДПМНЕ редовно се потпишуваат за подигнување на месечниот паушал.

– И покрај ваквата деструктивност на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, Советот на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, ќе продолжат со засилено темпо да работат на исполнување на ветените мерки и проекти. Веќе се обезбедени средствата за приклучување струја за граѓаните од населбата „Три Багреми“. Обезбеден е објект и средства за опремување на Дневен центар за деца со церебрална парализа. Во постапка е процедурата за обезбедување средства за проширување и подобрување на капацитетите за сместување деца во градинките и промена на дограмата во старскиот дом, рече Божиноски.

Тој истакна дека асфалтирани се неколку улици, а ќе се асфалтирале и тампонирале и многу други во идниот период.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници