(ВИДЕО) Бонева: СДСМ да го следи примерот на Каревска и Грчева

Од:

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ побара од опозицијата да се врати во Собранието поради доброто на земјава. Според неа потегот на СДСМ може негативно да влијае врз извештајот за Македонија на Европската комисија.

Бонева потенцираше дека СДСМ мора да е член на собраниските делегации кои ја преставуваат Македонија во ЕУ и НАТО зошто само така можеле заедно да се борат против Грција и деструктивната политика која ја води јужниот сосед.

Бонева им порача на останатите колеги пратеници од СДСМ, да го следат потегот на Роза Топузовска-Каревска и Солза Грчева и да ги повлечат оставките депонирани до Собранието ако и мислат добро на Македонија.

„Опструкцијата на работењето на Собранието ќе го доведе во прашање позитивниот извештај за Македонија, ќе бидеме хендекипирани како делегации посебно мешовитиот парламентарен комитет. Незнам како ние ќе се бориме со преставниците од другите земји, посебно со грчката делегација и со нивните приврзаници ако со нас заедно не се и колегите од опозицијата. Да се надеваме дека онака како што направија чекор одредени колешки од опозицијата наскоро во собраниските клупи ќе ги видиме и останатите колеги од СДСМ и ќе разберат дека ваквиот пристап не и носи добро на Македонија па ниту ним“, изјави Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски