(ВИДЕО) Бојмацалиев: Вработените кои работеа на процесот на промена на документи утре добиваат уште една плата

Од:

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, во прес конференција во Владата на Република Северна Македонија информираше за денешната одлука на седница на Владата со која се задолжува МВР од утре да ги издава возачките дозволи и сообраќајните дозволи со новото име на државата, на товар на МВР.

Бојмацалиев во оваа прилика изрази благодарност до сите вработени во МВР кои изминатиот период се ангажирани во управните служби да работат на промената на личните документи на граѓаните.

„Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите колеги кои работата во управните служби изминатиот период кои работат во смени, за викенди и на празници, кои дадоа свој личен придонес за промена на патните исправи, на лични документи и сите останати документи кои граѓаните требаше да ги променат од Република Македонија со новото име Република Северна Македонија. Воедно, ги информирам дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина од последната исплатена плата која ја имале од МВР, акт кој исто така е потпишан од мене и од министерот”, рече Бојмацалиев.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари